Порталот www.akademik.mk и prodavnica.akademik.mk се сопственост на Академик ДООЕЛ Скопје. Со користењето на порталот потврдувате дека сте запознаени со правилата и условите за негово користење и се обврзувате да ги почитувате наведените правила и услови.
Заштита на авторските права и правата од индустриска сопственост
Сите содржини поставени на Академик.мк се ексклузивно право на Академик ДООЕЛ Скопје или се користат со изречно одобрение на носителот на авторското право или субјектот на правото од индустриска сопственост.
Се забранува какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување или користење на содржините на оваа веб-страница на друг начин, без изречна писмена согласност на Академик ДООЕЛ Скопје.
По исклучок, дозволено е преземање на дел од авторски текст, кој не надминува 30% од оригиналниот текст и врз кој не е направена никаква интервенција од трети страни, која би довела до искривување на пораката која е пренесена од авторот. Преземениот дел задолжително треба да биде поставен помеѓу наводници (на почетокот и на крајот на делот што се презема), а текстот задолжително треба да се повикува на изворот (Академик.мк) и во него задолжително треба да биде поставен линк кој води до оригиналниот текст.
Какво било кршење на овие правила и услови од кое како последица може да настане повреда на кое било авторско право или право од индустриска сопственост претставува основа за преземање правни дејствија од страна на Академик ДООЕЛ Скопје против сторителот.
Одговорност
Со користењето на оваа веб-страница, корисникот е согласен да ги почитува овие Правила и услови, како и позитивната законска регулатива, и да се однесува според прифатливите етички и морални принципи на Република Северна Македонија.
Корисникот потврдува дека нема да користи ниту една содржина од оваа веб-страница во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.
Корисникот се согласува и потврдува дека нема да поставува или да пренесува какви било содржини од оваа веб-страница на начин со кој се прекршуваат овие Правила и услови, како и позитивната законска регулатива, прифатливите етички и морални принципи во Република Северна Македонија, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на повреда на авторските права, повреда на правата од индустриска сопственост, поттикнување нетрпеливост, дискриминација, клевета, омаловажување, нарушување на приватноста, достоинството и угледот на Академик ДООЕЛ Скопје и на трети лица.
Користењето на сите содржини на Академик.мк е на сопствена одговорност на корисникот, и Академик.мк не може да се смета за одговорен за какви било штети настанати од неговото користење.
Академик.мк содржи и линкови до веб-страници надвор од сопствената веб-страница и тој не може да се смета за одговорен за содржините надвор од оваа веб-страница.
Академик ДООЕЛ Скопје ќе го смета корисникот за одговорен за каква било штета настаната поради негово однесување спротивно на овие Правила и услови, спротивно на позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, моралот и етиката или за штета настаната како последица на злоупотреба на која било содржина преземена од Академик.мк, и ќе ги преземе сите правни дејствија за надоместување на причинетата штета.
Заштита на приватноста
Академик ДООЕЛ Скопје во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.
Академик ДООЕЛ Скопје доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при користењето на оваа веб-страница. Академик ДООЕЛ Скопје на ниту еден начин нема да ги класифицира, да ги групира или да ги употреби тие податоци за кои било други цели освен за целите за кои тие се оставени од самите корисници.
За повеќе детали, погледнете во Политика за заштита на приватноста.
Правила и услови за користење на е-продавницата
Со користењето на е-продавницата потврдувате дека сте запознаени со условите и правилата за нејзино користење и се обврзувате да ги почитувате наведените услови и правила.
Е-продавницата е наменета за продажба на производи, односно книги во издание на Академик ДООЕЛ Скопје и во издание на други издавачи, како и неофицијални пречистени текстови на прописи подготвени од Академик ДООЕЛ Скопје.
Нарачка
Производите од е-продавницата се нарачуваат по електронски пат, со селектирање на одреден производ и со додавање во кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе го избере полето НАПЛАТА.
Цени
Цените во е-продавницата се изразени во денари, со вклучен ДДВ.
За купување производи преку е-продавницата важат цените што се објавени на веб-страницата на е-продавницата.
Цените објавени на е-продавницата не ја вклучуваат и цената за испорака, која паѓа на товар на корисникот.
Плаќање
Плаќањето на производите се извршува со платежна картичка.
Личните податоци кои ги оставате при нарачката на производите (име, презиме, адреса, електронска адреса, контакт лице, телефонски број) се користат само и исклучиво за целите за кои се дадени (изготвување на фактура, достава на производот, законска комуникација меѓу Академик ДООЕЛ Скопје и корисникот). Академик ДООЕЛ Скопје ги применува сите стандарди за чување на личните податоци, како и стандардите за бришење на личните податоци во согласност со важечките прописи во Република Северна Македонија.
Податоците кои ги внесувате при плаќањето, односно податоците од вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку електронската платежна платформа на НЛБ банка АД Скопје, која целосно функционира во согласност со 3D Secure безбедносните принципи развиени од страна на VISA Internatonal и MasterCard Worldwide, т.е. Verified by Visa и MasterCard Secure Code. Банката ја иницира сигурносната конекција (SSL сертификат) по потреба, односно во моментот на реализација на трансакцијата. Информациите за вашата трансакција кои се видливи за нас се: вашето име и презиме од платежната картичка, видот на картичката, првите 6, последните 4 броеви, датумот на истекување на картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати информации се енкриптирани.
Испорака на книги
Нарачаните книги ќе ви бидат испорачани на начинот којшто вие сте го означиле при плаќањето.
Академик ДООЕЛ Скопје користи професионални компании за превоз и доставување пратки, т.е. на купените производи. Доставата се врши само на територијата на РСМ, секој работен ден, на адресата што сте ја навеле како адреса за испорака. Рокот за испорака е 2-4 работни дена.
Доколку нарачката ја направите по 14:00 часот, во сабота, во недела или во неработен ден, од наша страна ќе биде проверена првиот работен ден и откако ќе се добиеме потврда дека трансакцијата е успешна, започнува да тече периодот за испорака.
Цената на испораката преку компанијата за доставување пратки ја плаќате директно на доставувачот при испораката на производот (за информации во врска со цените на пратки, посетете ја веб-страницата на компанијата за доставување пратки).
Преземање на купени прописи
Откако ќе се направи успешно плаќање, купениот пропис може да го превземете веднаш, доколку се уште сте на страницата на е-продавницата, или пак да го превземете во рок од 5 дена преку линкот кој, заедно со потврдата за успешно плаќање, ви е пратен на адресата за е-пошта што сте ја навеле за контакт.
ВИМАНИЕ! Дозволено е само едно превземање на купениот пропис: или преку линкот кој ви е достапен веднаш на страницата на е-продавницата или преку линкот кој ви е пратен на адресата за е-пошта.
Рекламација и поврат на средства
Книги
Секој купувач е должен веднаш при преземањето на книгата да ја провери од евентуални оштетувања, а доколку се работи за повеќе книги, да провери дали нарачката е целосна и соодветна.
Доколку книгата е испорачана оштетена, или недостига одредена книга од нарачката, или пак има книга која не е нарачана, купувачот треба да нè информира веднаш за да преземеме мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на книгиите нема да бидат на товар на купувачот.
Рекламацијата треба да биде упатена на адресата за е-пошта (akademik@akademik.com.mk) истиот ден кога е доставена пратката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на книгите нема да бидат прифатени.
Доколку купувачот сака да ја замени книгата, не по наша вина или по вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума, должен е да ја чува неоштетена, неотпакувана и неупотребувана заедно со сите приложени документи. Замената може да се направи во рок од 7 дена од доставата на книгата.
Во случај на рекламација или враќање на книгата, доколку Академик ДООЕЛ Скопје не е во можност да испорача друга книга, ќе му ја надомести на купувачот вредноста на книгата која не може да му ја испорача.
Академик ДООЕЛ Скопје не презема никаква одговорност доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата што е ангажирана за извршување на испораката.
Прописи
Средствата уплатени за купување на пропис не се враќаат, освен во случај на ненамерно купување на прописот и непревземање на купениот пропис.
Академик ДООЕЛ Скопје го задржува правото во кое било време, без претходна најава, да ги менува овие Правила и услови и да ја објави промената на својата веб-страница.
20.12.2022 г.