Личните податоци кои се обработуваат преку веб-страницата може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Со давањето согласност, корисникот се запишува во листата на приматели на промотивни материјали, која истовремено е и база на корисници која Академик ДООЕЛ Скопје ја користи за комуникација со своите корисници.
Академик ДООЕЛ Скопје ги собира следните податоци преку согласноста:
- име и презиме,
- адреса и место на живеење,
- име на компанија во која е вработен корисникот,
- е-пошта,
- телефонски број за контакт.
Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата Откажете се од примање вакви новости, која се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите материјали за маркетинг кои се доставуваат за целите на директен маркетинг врз основа на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласноста за цели на директен маркетинг со губење на кое било друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб-страницата.
Академик ДООЕЛ Скопје ги испраќа промотивните материјали преку апликацијата Sendinblue.
20.12.2022 г.