Договорот за градење во македонското и во споредбеното право

1.050,00 ден (1.000,00 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Книгата со наслов „Договорот за градење во македонското и во споредбеното право” претставува сеопфатен труд на авторот д-р Дарко Спасевски, во кој детално се анализира правната поставеност на договорот за градење според правото на Република Северна Македонија и меѓународните правни правила. Во рамките на трудот авторот дава сублимиран приказ на правилата што го детерминираат договорот за градење во согласност со Законот за облигационите односи, Законот за градење, како и Посебните узанси за градење.

Паралелно со проследувањето на домашните правни правила, авторот својот интерес го насочува и кон правилата со меѓународен карактер, како што се општите услови за договорите за градење изработени од страна на ФИДИЦ (FIDIC). Авторот им посветува посебно внимание на следните FIDIC правила: Услови на договорот за градење (Conditions of Contract for Construction) од 1999 година (или т.н. црвена книга); Услови на договорот за изведба и проектирање на погони (Conditions of Contract for Plant and Design-Built) од 1999 година (или т.н. жолта книга); Услови на договорот за градење со одредба „клуч во рака” (Conditions of Contract for EPC/Turnkey Projects) од 1999 година (или т.н. сребрена книга); Кратка форма на договор (The Short Form of Contract) од 1999 година (или т.н. зелена книга).

Во оваа книга детално се разработени неколку клучни прашања кои го детерминираат договорот за градење. Прво, се дефинираат односите што се воспоставуваат меѓу инвеститорот и изведувачот. Понатаму, авторот посебно внимание им посветува на правилата со кои се определуваат: позицијата на подизведувачот, правилата за избор на подизведувач, неговите односи со изведувачот и инвеститорот, како и неговите клучни права и обврски.

Клучни прашања кои се најчеста причина за појавување на спорови кај договорите за градење се цената, нејзиниот однос со дополнителните и непредвидените работи, како и рокот за завршување на работите, односно правилата и условите за негово продолжување. Авторот посветува посебно внимание на влијанието на следните категории работи врз договорениот обем на работи, и тоа: кусоци на работи, вишоци на работи, дополнителни работи и непредвидени работи. Некои од овие категории работи влијаат само на промена на обемот на работите, додека други влијаат и на промена на видот на работите. Овие категории работи со себе повлекуваат и две многу важни прашања, а тоа е нивното влијание врз цената на работите и врз рокот за изведување на работите.

Дополнителни информации

Автор/и

Издавач

Аутопринт Т.А.

Страници

368

Година

ISBN

978-608-65622-0-5

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Договорот за градење во македонското и во споредбеното право”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.