Етажна сопственост – сопственост на посебни делови од зграда

1.575,00 ден (1.500,00 ден без ДДВ )

На залиха

Опис

Публикацијата „Етажна сопственост – сопственост на посебни делови од зграда“ на авторот проф. д-р Ангел Ристов, вонреден професор на научната област граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е прва монографија во македонската правна наука посветена на етажната сопственост, како посебен облик на правото на сопственост. Од нејзиното законско уредување пред повеќе од шест децении до денес, оваа проблематика била предмет на интерес само на неколку научни статии. Оттука, авторот со право и го нуди на читателската јавност ова подробно истражување на етажната сопственост во македонското и споредбеното право, со цел да одговори на бројни прашања и проблеми поврзани со етажната сопственост во практиката.

Според еден од рецензентите на делото, проф. д-р Дејан Мицковиќ, монографијата обработува актуелна тема, која има значење за стотици илјади граѓани кои живеат во згради и се етажни сопсвеници, а содржински е извонредно богата, поради фактот што во неа се обработени сите бројни и комплексни прашања поврзани со етажната сопственост во македонското и во споредбеното право. Најзначајно, според рецензентот, е што авторот, по сеопфатната анализа на македонското законодавство, како и на законските решенија во споредбеното право, а особено имајќи ги предвид проблемите во практиката, дава конкретни предлози за измени на македонското законодавство во однос на регулирањето на етажната сопственост.

Оваа публикација е наменета пред се за етажните сопственици, односно за сопствениците на посебните делови од згради, но и за заедниците на сопственици, управителите со етажната сопственост и за Регулаторната комисија за домување, како надлежен орган од областа на колективното домување, со цел да се олесни управувањето и одржувањето на зградите во етажна сопственост.

Монографијата, исто така, е наменета и за бројните чинители во процесот на стекнување на етажна сопственост, како што се градежните компании, банките, нотарите, Агенцијата за катастар на недвижности, агенциите за продажба на недвижности, општините, адвокатите, извршителите, стечајните управници, овластените проценители, судовите и други.

Дополнителни информации

Автор/и

Издавач

Институт за правно-економски истражувања и едукација Јуридика Прима

Страници

412

Година

ISBN

978-608-66152-6-0