Опис
Пречистениот текст на Правилникот, кој е донесен врз основа на Закон за енергетика, ги содржи основниот текст на Правилникот од 2019 година и неговите 2 измени, вклучувајќи ја и последната од јуни 2022 година. Со него се пропишуваат:
- видовите на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија,
- условите и начинот по кои вишокот од произведената енергија од обновливи извори на енергија наменета за сопствена потрошувачка се предава во електродистрибутивната мрежа,
- начинот за издавање на одобрение за мерење на потенцијалот на ветерот за производство на електрична енергија,
- начинот на мерење на потенцијалот на ветерот за производство на електрична енергија,
- начинот на издавање, пренесување и одземање на гаранциите за потекло и нивната содржина,
- начинот, постапката и условите за признавање на гаранциите за потекло издадени во други држави,
- содржината, формата и начинот на водење на регистарот на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија, и
- содржината, формата и начинот на водење на регистарот на гаранции за потекло.