Политика за заштита на приватноста

Внимателно прочитајте ја Политиката за заштита на приватноста за да се информирате како Академик ДООЕЛ Скопје ги користи вашите лични податоци што ги оставате при посета на веб-страницата Академик.мк. При собирањето на овие информации, дејствуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со него должни сме да ве информираме за обработката на вашите лични податоци. Обработката на вашите лични податоци ја сметаме за многу сериозна активност и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци.

Академик ДООЕЛ Скопје во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.

  1. Академик ДООЕЛ Скопје доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при користењето на Академик.мк.
  2. Академик ДООЕЛ Скопје на ниту еден начин нема да ги класифицира тие податоци, ниту да ги групира или да ги употреби за кои било други цели освен за целите за кои се оставени од самите корисници.

Информациите подолу се однесуваат само за оваа веб-страница. Доколку преку prodavnica.akademik.mk се поврзувате со други веб-страници, потребно е да ги разгледате и да ги прочитате политиките за заштита на приватноста објавени на тие веб-страници.

Доменот www.akademik.mk и сите негови поддомени (prodavnica.akademik.mk) не собираат никакви информации од финансиска природа, како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците за платежната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на банката со која Академик ДООЕЛ Скопје има склучено договор.

Цели за обработка на личните податоци

Вашите лични податоци кои ги прибираме за време на вашата посета на нашата веб-страница се податоци кои вие доброволно ги оставате, и тие се обработуваат за следните цели:

  • за да овозможиме најдобро искуство за корисникот при посетата на нашата веб-страница;
  • за да ја обезбедиме бараната услуга, што вклучува и обезбедување на информации за нашите производи и услуги;
  • заради исполнување на законски обврски што Академик ДООЕЛ Скопје е должен да ги почитува;
  • за анализирање на посетите на нашата веб-страница, за идентификување на корисниците, како и за одржување на информациската сигурност на нашата веб-страница;
  • за директен маркетинг, доколку имате дадено согласност за обработка.

Начин на собирање на личните податоци

Колачиња

Нашата веб-страница користи колачиња кои овозможуваат подобро функционирање на страницата, но и подобро искуство за вас додека ја користите веб-страницата.
Податоци што се собираат од вас при посета на нашата веб-страница се:

  • вашата IP-адреса,
  • уредот од кој пристапувате (вид и модел),
  • датумот и времето на посета,
  • прелистувачот кој го користите,
  • страниците што ги посетувате на нашата веб-страница.

За повеќе информации во однос на користењето на колачињата, погледнете во Политика за колачиња.

Купување на производ или услуга

При купување на производ или услуга, Академик ДООЕЛ Скопје јасно укажува дали е задолжителна или доброволна природата за доставување податоци, како и на последиците од одбивањето за нивно доставување. Согласувајќи се со Условите за користење и со оваа Политика, корисникот се согласува неговите информации да може да се обработуваат во согласност со она што е предвиденото во нив.

Академик ДООЕЛ Скопје ги собира следните личните податоци:

  • име и презиме,
  • адреса и место на живеење,
  • е-пошта,
  • телефонски број за контакт,
  • останати податоци кои корисникот ги внесува во обрасците на нашата веб-страница.

Академик ДООЕЛ Скопје не е одговорен за точноста на податоците кои ги внесува корисникот.

Како што е уредено во Законот за данокот на додадена вредност, т.е. Законот за даночна постапка, Академик ДООЕЛ Скопје како даночен обврзник мора да гарантира чување на фактури и сметки кои се однесуваат на испорака на стоки или услуги на територијата на Република Северна Македонија, а со тоа се чуваат и податоците кои се на сметката.

Директен маркетинг

Личните податоци кои се обработуваат преку веб-страницата може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Академик ДООЕЛ Скопје ги собира следните податоци преку согласноста:

  • име и презиме,
  • адреса и место на живеење,
  • е-пошта
  • телефонски број за контакт.

За повеќе информации во однос на директниот маркетинг, погледнете во Политика за директен маркетинг.

Политика за лица под 14 години

Веб-страницата Академик.мк не е наменета за лица под 14 години. Академик.мк нема цел да прибира и да обработува лични податоци за лица под 14 години. Доколку лице под 14 години ги оставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Академик.мк.

Споделување на личните податоци со трети страни

Лица кои ги обработуваат податоците во име на Академик.мк

Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на веб-страницата Академик.мк и информациите да се обработуваат заради статистички цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на веб-страницата Академик.мк, личните податоци и другите информации за корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои Академик.мк им ја доделилe изведбата на одредени услуги поврзани со веб-страницата Академик.мк. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и во обем неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како обработувачи на податоци во име на Академик.мк. Обработувачите на податоци се запознаени дека информациите се предмет на Законот за заштита на личните податоци.

Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено во согласност со инструкциите на Академик ДООЕЛ Скопје и ќе немаат право личните податоци на корисниците да ги користат или да ги обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Општите правила и услови и оваа Политика.

Социјални мрежи

Со кликнување на иконата за одредени социјални мрежи (Facebook, Instagram), која се наоѓа на веб-страницата на Академик ДООЕЛ Скопје, корисникот може лесно да пристапи до профилот на компанијата Академик ДООЕЛ Скопје на социјалните мрежи, како и да објави на други профили на социјалните мрежи содржини поврзани со Академик ДООЕЛ Скопје. Со кликнување на тие копчиња/икони на социјалните мрежи се овозможува на корисникот брзо да му се понудат релевантни информации во согласност со веб-активностите од страна на корисникот.

Државни органи

Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции само врз основа на закон, и тоа во следите случаи:

  • ако е нешто забрането или побарано со закон;
  • поради заштита од постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција и
  • поради истрага на измама која веќе се случила.

Рок на чување и бришење на податоците

Академик ДООЕЛ Скопје во целост ги почитува и ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци предвидени во ЗЗЛП, при што вашите лични податоци се обработуваат не подолго од она колку што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Податоците што ги обработуваме ги чуваме во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и по остварување на целта тие се уништуваат/бришат.
Доколку сте дале согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработувани сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта на обработката на личните податоци, податоците се бришат во секој случај. Во случај на водење судски, административни или други постапки, личните податоци се чуваат сè до завршување на тие постапки.

Права на субјектот на личните податоци

Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци,
  • право на пристап до личните податоци,
  • право на исправка и бришење на личните податоци,
  • право на ограничување на обработката на личните податоци,
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или за остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да контактирате со овластеното лице за заштита на личните податоци.

Право на поднесување барање до АЗЛП

Доколку сметате дека при обработка на вашите лични податоци Академик ДООЕЛ Скопје ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274

Измени во политиката за заштита на личните податоци

Политиката за заштита на приватноста може да претрпи измени и за нив ќе можете да прочитате секогаш кога ќе пристапите на нашата веб-страница, а датумот на последната измена ќе биде наведен најдолу во објавата. Ве молиме да се информирате за да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користењето на вашите лични податоци.

Контакт во врска со политиката за заштита на личните податоци

Ве молиме контактирајте со нас доколку имате какви било прашања во врска со нашата Политика за заштита на личните податоци. Тоа можете да го сторите на akademik@akademik.com.mk или во хартиена форма на следната адреса:

Академик ДООЕЛ Скопје
ул. „Дебарца“, бр. 25А
1000 Скопје

Офицер за заштита на личните податоци:
Е-пошта: trendafilovaT@akademika.com.mk
Телефон: 02 3246 813

20.12.2022 г.