Закон за сопственост и други стварни права и Закон за договорен залог

4.367,00 ден (4.159,05 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Овие Коментари на Законот за сопственост и други стварни права (2001) и Закон за договорен залог (2003 год.) беа повеќе од потребни за успешно функционирање на законите во пракса. Претходните коментари за овие закони се од пред десеттина години, уште пред да отпочне нивната примена во практиката, така што останати се бројни неелаборирани и нерасветлени проблеми кои подоцна практиката ги исфрли на виделина. Причината поради која Коментарите за овие два закони се поместени во еден труд, е тоа што се работи за комплементарни закони кои во практична примена се совпаѓаат, уште повеќе што ЗСДСП содржи бројни одредби од заложното право, така што без нивно познавање не е можно да се сфатат, а и да се применуваат одредбите од законот за договорен.

Непоценливата вредност на овој труд се состои и во однос на практичната примена на коментарите, укажувајќи на поврзаноста на одделни членови од Законот со други негови членови и во целината на Законот, но и со одредбите од други закони, на тој начин овозможувајќи секоја одредба да се согледа во целосноста на Законот, на одделните гранки од правото, а некаде – и во целината на правниот систем.

Коментарите се обработени на тој начин што покрај објаснувањата кон одредени членови, наведени се и бројни објавени судски одлуки примери на акти за практична примена, бројни изводи од судски одлуки и правни стојалишта, примери на нотарски акти, тужби, барања, предлози, како и предметен регистар кој значително го олеснува не само читањето и сфаќањето на овие закони, туку и снаоѓањето во многубројноста и разнообразноста на нормите и некои поими во Коментарите, а претставува и индикатор на прашањата и односите кои се опфатени со Законот и Коментарите.

Дополнителни информации

Автор/и

,

Издавач

Академик

Страници

829

Година

ISBN

978-9989-833-82-3

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Закон за сопственост и други стварни права и Закон за договорен залог”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.