Опис
Со Правилникот, донесен во 2011 година врз основа на Законот за безбедност и здравје при работа, се врши усогласување на нашето со Европското законодавство за воведување на мерки за подобрување на безбедноста и здравјето при работа на бремените работнички и работнички кои неодамна се породиле или дојат. Во Правилникот, како прилози се содржани и Листата на штетни фактори и работни услови на кои не треба да бидат изложени бремените работнички, како и работничките кои неодамна се породиле или дојат и Листата на штетни фактори/агенси и работни услови на кои по извршена проценка на ризик не смеат да бидат изложени бремените работнички, работничките кои неодамна се породиле или дојат. Во пречистениот текст е содржана и измената на Правилникот од 2017 година.