Опис
Правилникот за трговска марка е донесен врз основа на Законот за индустриската сопственост во 2009 година и е изменет во 2018 година. Со него се утврдува: содржината и формата на пријавата на трговската марка и другите состојки и прилози кон пријавата; содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на трговски марки и изводот од регистарот на пријави; содржината на барањето за поделба на пријавите; содржината на барањето и на уверението за право на првенство; податоците од пријавата кои се објавуваат во службено гласило на Државниот завод за индустриска сопственост; содржината на приговорот и начинот на поднесување на приговорот; содржината и начинот на водење на регистарот за трговски марки, како и содржината и формата на изводот од регистарот; промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето и постапката за впишување на промените; податоците кои се објавуваат во службеното гласило на Заводот; содржината на исправата за трговска марка; содржината на барањето за поделба на регистриранaта трговска марка; содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на трговската марка; содржината на барањето за престанок на важењето на трговската марка; и постапката по пријава за меѓународна регистрација на трговски марки.