Опис
Пречистениот текст на Правилникот, кој е донесен врз основа на Законот за градење, ги содржи основниот текст на Правилникот од 2018 година и измените од 2020, 2021 и 2022 година. Со него се пропишуваат формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението за изведување на градбите, односно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење, почнувајќи од мерни станици, фотонапонски електроцентрали кои се поставуваат на објекти, споменици, спомен обележја и скулптури, градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лицата со инвалидност, рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, ограда, потпорни ѕидови, помошни објекти, базени за индивидуална употреба, до поставување на оптички кабли, oптички кабли со кабелска канализација и кабелска канализација за оптички кабли итн.