Опис
Целта на публикацијата, како што вели авторот м-р. Методија Димовски, е да го приближи прашањето за инспекцискиот надзор до пошироката јавност низ едно поинакво, посветло гледиште. Публикацијата претставува обид, со користење на „обичен“, секојдневен јазик, практично да се прикаже како треба да се применуваат новиот Закон за инспекциски надзор, кој започна да се применува на 30 ноември 2019 година и дел од неговите подзаконски прописи, не само од страна на инспекциските служби, туку и од страна на субјектите на надзор, со крајна цел – да се намали ризикот од погрешно разбирање или од злоупотреба на инспекциските надзори.
Истовремено, публикацијата претставува и коментар на новиот Закон за инспекциски надзор, кој претставува дел од реформата на јавната администрација, чија цел е нејзина професионализација и обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните и за деловниот сектор.
Во публикацијата се презентирани практичните решенија од новиот Закон за инспекциски надзор, кои се во контекст на новото време и новите политики: таа ги обработува новините во Законот, тргнувајќи од начелото на превенција, кое е издигнато на највисоко ниво и при вршењето на инспекцискиот надзор, преку новите алатки за планирање и спроведување на надзорот, како што е проценката на ризикот, до новите решенија за управување со инспекциските служби и инспекторите и јасно поставените права и обврски на правните и физичките лица врз кои се врши инспекцискиот надзор.
Во тој контекст, оваа публикација е наменета за вршителите на инспекциски надзор, за деловните субјекти и за физичките лица врз кои се спроведува инспекциски надзор, како и за сите заинтересирани страни кои сакаат да се запознаат со прописите за инспекциски надзор и со начинот на негово спроведување од практичен аспект.
Рецензии / Reviews
Сѐ уште нема препораки.