Попуст!

Интелектуалната сопственост како човеково право: заштита пред Европскиот суд за човекови права

Original price was: 1.970,00 ден.Current price is: 1.675,00 ден. (1.595,24 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Според рецензентот проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, „Интелектуалната сопственост како човеково право: заштита пред Европскиот суд за човекови права“ е труд во кој за првпат на овие простори авторката преку анализа на пресудите на Европскиот суд за човекови права заклучува за тенденциите за заштитата на интелектуалната сопственост во релација со другите човекови права. Таа ја гледа и ја прикажува Европската конвенција за човековите права во нејзината динамична компонента, која треба да се применува и да се чита во ‘светлината на сегашноста’.

Иако Европската конвенција за човекови права не содржи одредби со кои експлицитно се предвидува заштита на правото на интелектуална сопственост, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) овозможил негова заштита преку донесување пресуди во кои се толкува правото на сопственост во врска со барања за заштита на интелектуалната сопственост. Исто така, ЕСЧП разгледувал и барања за заштита на други човекови права од наводна прекумерна национална заштита на интелектуалната сопственост. Ова отвора многу сложени прашања во контекст на односот меѓу режимите на интелектуална сопственост и на човекови права.

Оттаму, целта што се очекува да се постигне со издавањето на оваа книга е не само добивање на сеопфатни, сублимирани и систематизирани сознанија за третманот и развојот на заштитата на правото на интелектуална сопственост во рамки на судската практика на ЕСЧП, туку и добивање на сознанија за пристапот и улогата на ЕСЧП при одлучување во случаи за заштита на правото на интелектуална сопственост, како и при формирање на политиката на иновации и креативност во Европа и лоцирање на тенденциите во развојот на судската практика на ЕСЧП која го третира правото на интелектуална сопственост преку определување на детерминантите кои влијаат врз правецот на развиток, како и можните последици од нив.

Како што вели рецензентот на делото проф. д-р Татјана Петрушевска, „Авторски поставените теоретски рамки ги следат современите светски тенденции. Целокупната раскошна материја е изложена на јасен начин, содржински богато, сеопфатно и темелно, а целокупниот текст е мошне логички систематизиран.“ Па така, во рамки на првото поглавје, се лоцираат поимот на правото на интелектуална сопственост и видовите на права од интелектуална сопственост, по што се дава осврт на историскиот развој на правото на интелектуална сопственост, како и осврт на правната природа на правата од интелектуална сопственост и разграничувањето на правото на интелектуална сопственост од правото на сопственост. Во второто поглавје се врши анализа на односот меѓу човековите права и интелектуалната сопственост. Притоа, се објаснува процесот на поставување на интелектуалната сопственост на агендата на човековите права и се образложуваат аргументите во однос на прашањето дали интелектуалната сопственост може да се класифицира во групата човекови права. Третото поглавје содржи преглед на заштитата на правото на интелектуална сопственост во рамки на меѓународните инструменти за човекови права. Во четвртото поглавје се врши преглед на заштитата на правото на интелектуална сопственост во рамки на европските инструменти за човекови права. Во петтото поглавје се обработува Европската конвенција за човекови права, со посебен осврт на толкувањето и примената на Конвенцијата. Во ова поглавје се анализираат и релевантните одредби за правото на интелектуална сопственост кои ги содржи таа. Шестото поглавје дава објаснување за начинот на функционирање на ЕСЧП. Во седмото поглавје се врши детален преглед и анализа на судската практика на ЕСЧП која го третира правото на интелектуална сопственост. Во осмото поглавје, врз основа на извршената анализа на судската практика на ЕСЧП во однос на правото на интелектуална сопственост, се дефинираат и се образложуваат три основни модели на пристап на ЕСЧП кон заштитата на правото на интелектуална сопственост.

Според авторот на делото, „Книгата е наменета за целокупната стручна јавност која се занимава со проблематиката на правото на интелектуална сопственост, како и за онаа која се занимава со имплементација на Европската конвенција за човекови права. Исто така, оваа книга е наменета и за судиите, за адвокатите, за застапниците што ја спроведуваат заштитата на правата од интелектуална сопственост и за останатите професии кои на каков било начин се вклучени во активности за заштита на интелектуалната сопственост и заштита на човековите слободи и права, воопшто. Оваа книга може да им послужи и на самите носители на права од интелектуална сопственост, но и на сите оние кои се само љубопитни (со право) да дознаат повеќе за заштитата на своите слободи и права пред Европскиот суд за човекови права. И секако, оваа книга е наменета и за студентите по право, особено студентите на магистерски и докторски студии по право на интелектуална сопственост и по меѓународно право и човекови права.“

Дополнителни информации

Автор/и

Издавач

Академик

Страници

320

Година

ISBN

978-9989-833-98-4

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Интелектуалната сопственост како човеково право: заштита пред Европскиот суд за човекови права”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.