Закон за семејството

2.800,00 ден (2.666,67 ден без ДДВ )

На залиха

Категории: Ознаки:

Опис

Законот за семејството ги содржи главните одредби со кое се регулира семејното право како гранка на правото, и се заснова на одредени принципи на кои се темели регулирањето на општествените односи. Тоа е исклучително битна и жива правна материја, со која се кодифицираат и регулира стожероте на секое општество – семејството. Оттука, правилната употреба и јасно читање на овој Закон е исклучително важно. Овој Коментар ја има пред себе одговорната и комплексна задача да ги појасни сите нејаснотии, недоречености, да укаже на недостатоците, и да посочи едно правилно читање на Законот, поткрепено со примери од судската практика.

Хронолошки се опфатени сите измени и дополнувања на Закот за семејство од осамостојувањето на Македонија и неговото донесување во 1992 година, следејќи ги дополнувањата во однос на правата на детето (1996), заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство (2004), посвојувањето (2004), новите одредби во врска со посвојувањето (2006), семејно насилство и заштитата на малолетни деца жртви на трговија со луѓе (2008), измена на одредбите за состав и работа на Комисија за посвојување (мај 2010), како и последните измени од 2012 година, кои се однесуваат на жалбите против решенијата на Комисијата за посвојување и случаите во кои како посвоител се јавува странски државјани. Но, ова е само еден мал дел од измените и одредбите опфатени во овој Коментар.

Наменет пред сè за потребите на практиката, покрај објаснувањата и коментарите кон одделни одредби од Законот, содржи и судска практика на судовите на Република Македонија, но и на судовите од бившата СФРЈ, кои одлуки можат корисно да послужат за сфаќањето на смислата и досегот на одредбата кон која се објавени. Покрај тоа, кон одделни одредби објавени се и одредбите од Законот за вонпарнична постапка, кои се однесуваат на тие одредби, а исто така и одредби од Законот за меѓународно приватно право. На тој начин, коментаров комплементарно ги обединува сите норми кои доаѓаат до примена при разрешувањето на извесен правен однос од областа на семејноправните односи.

Дополнителни информации

Автор/и

,

Издавач

Академик

Страници

620

Година

ISBN

978-9989-833-84-7