Попуст!

Закон за концесии и јавно приватно партнерство (со коментар, примери, обрасци и објаснувања)

1.911,00 ден (1.820,00 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Значењето на усогласен, конзистентен Закон за јавно приватно партнерство е огромно ако се земе предвид неговото влијание во целокупното општествено живеење и функционирање. Со Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство од 2008 година се создаде правна рамка која е неопходен предуслов за влез на приватниот капитал во изградбата на инфраструктурните објекти и во обезбедувањето квалитетни јавни услуги. Бенефициите од неговото донесување и соодветно имплементирање се многукратни: забрзано јакнење на инфраструктурата, намалување на трошоците на целокупниот проект, подобар стимул за вршење на работите, подобар квалитет на услугите, подобра распределба на ризикот и слично.

Ваквиот тип на партнерство е во пораст и е застапено во сите земји во ЕУ, со разлики во моделите кои произлегуваат од разликите во националната легислатива. Нормативното уредување на оваа материја кај нас е заокружено со донесувањето на 6 подзаконски акти. Доусогласувањето на постојниот закон со европското законодавство и новиот конзистентен текст, целосно усогласен со европското законодавство, во кој ќе биде имплементирана Директивата 2204/18/Е3, е од исклучително значење за успешно и сеопфатно имплементирање на овој Закон.

Токму затоа, поради исклучителната важност на законот, но и неговата „новост“, особено е значајно неговото правилно читање и користeње, како и укажувањето на неговата опфатност. Овој Коментар, со исцрпните и повеќе од потребни објаснувања, примери на одлуки од праксата, коментари на законите и подзаконските акти како и потребните обрасци, е значаен чекор напред кон правилна и успешна негова имплементација во пракса.

Дополнителни информации

Автор/и

, ,

Издавач

Академик

Страници

297

Година

ISBN

978-9989-833-90-8

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Закон за концесии и јавно приватно партнерство (со коментар, примери, обрасци и објаснувања)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.