Попуст!

Катастар на инфраструктурни објекти

Original price was: 1.780,00 ден.Current price is: 1.513,00 ден. (1.440,95 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Како што вели рецензентот на делото, проф. д-р Златко Србиноски, „книгата Катастар на инфраструктурни објекти, од авторот д-р Соња Димова, според својата методолошка композиција претставува комплексна монографија, која третира исклучително значајна и современа проблематика.“ Тоа е прв ваков труд објавен на македонски јазик, кој „дава квалитетен приказ на сите значајни аспекти на Катастарот на инфраструктурните објекти – започнувајќи од аквизицијата на просторните податоци, преку нивната систематизација и правните аспекти на организацијата, па сѐ до дистрибуцијата на податоците и одржувањето на овој комплексен систем.“

Систематизирајќи го делото  во 12 поглавја и презентирајќи го материјалот на сосема разбирлив начин, авторката ги обработува дефинициите на основните поими и класификацијата на инфраструктурните објекти, основните начини за откривање и идентификација на инфраструктурните објекти, геодетските референтни системи и геодетските методи со кои се врши аквизицијата на просторните податоци поврзани со инфраструктурните објекти, елементите и содржините при премерот на одделните видови инфраструктурни објекти (сообраќајна, водоводна, канализациона, енергетска, комуникациска и друг вид инфраструктура), планот на инфраструктурните објекти, правните аспекти при третманот на инфраструктурните објекти, процедурите при запишувањето на инфраструктурните објекти во катастарот на инфраструктурни објекти (пријава за запишување на објектите, прво запишување, евидентирање, предбележување и спроведување на промени), одржувањето на катастарот на инфраструктурните објекти и издавањето на податоците од катастарот на инфраструктурните објекти. Исто така, во книгата е прикажан систематизиран преглед на геодетските елаборати од извршениот премер во функција на прво запишување во катастарот на инфраструктурните објекти, со примери за геодетски елаборати од премерот на сообраќајната, водоводната, канализациската, енергетската, комуникациската и специјалната инфраструктура.

Оттаму, ова дело, кое третира многу актуелна и комплексна проблематика и во кое се заокружени сите аспекти на катастарот на инфраструктурни објекти, е наменето за разновидна и многубројна читателска јавност. Со оглед на тоа што овој сериозен труд воедно може да се искористи и како прирачник и како учебник, тој е значаен како за сегашните и идните припадници на стручната фела од геодетската и правната област така и за многубројните субјекти од јавната и приватната сфера – иматели на инфраструктурни објекти.

Дополнителни информации

Автор/и

Издавач

Академик

Страници

326

Година

ISBN

978-9989-833-97-7

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Катастар на инфраструктурни објекти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.