Опис
Овој практикум од областа на казненото процесно право е создаден со примарна цел да им служи како практичен водич на младите бранители. Во него ќе најдете алатки и сознанија кои ќе Ви помогнат полесно и поефикасно да пружате правна помош и да ја браните правдата за вашите клиенти. Иако првенствено е наменет за младите адвокати, овој практикум е несомнено вреден ресурс за сите кои работат во оваа комплексна област, вклучувајќи ги адвокатите-бранители, припадници на МВР, стручните соработници во кривичните судови, јавните обвинители, студентите по право, како и сите кои се подготвуваат за полагање на правосудниот испит. Основната идеја на авторот е да го оствари суштинскиот спој помеѓу теоријата и праксата. Честопати, неискусните адвокати се соочуваат со предизвици во разбирањето на практичната примена на казненото процесно право и проблематиките кои произлегуваат од судската пракса. Овој практикум е обид да се премости тој јаз. Преку него, ќе можете да го проширите своето знаење и сестрано да ја изучувате материјата, да стекнете увид во правилната практична примена на законските одредби, да добиете одговори на честите дилеми за формулирање на индивидуални кривични одлуки и да научите како да ги разрешите правните нејаснотии во една кривична постапка. Целта е да создавате концизни, јасни и недвосмислени одлуки кои целосно ги почитуваат одредбите на Законот за кривична постапка и да разберете како адвокатите треба да постапуваат при застапувањето на своите штитеници. Практикумот е систематски организиран, со сите одлуки, примери и обрасци подредени според редоследот на одредбите на постоечкиот Закон за кривична постапка од 2010 година. Оваа структура овозможува лесно и брзо снаоѓање во материјата, правејќи го овој практикум незаменлив помошник во вашата правна пракса.