Право на интелектуална сопственост

980,00 ден (933,33 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Опис

Уште првото издание на овој труд, кој доби статус на основна литература од областа на интелектуалната сопственост, ги содржеше и двата сегменти на правото на интелектуална сопственост-авторското право и сродните права, и правото на индустриска сопственост. Измените и дополнувањата на учебникот, првенствено се иницирани од донесувањето на двата нови основни закони во Република Македонија, и тоа: Законот за индустриската сопственост од 2009–та година и Законот за авторско право и сродните права од 2010 година, чии решенија се имплементирани во ова издание на учебникот, како и донесувањето и содржината на контраверзниот Договор против фалсификувањето во трговијата, (ACTA), како и двата закони во САД, SOPA и PIPA кои се поврзуваат со решенијата содржани во ACTA, а се однесуваат на борбата против злоупотреба на правата на интелектуалната сопственост во дигиталната сфера.

Обединувајќи ги материјата на авторското право и сродните права и правото на индустриска сопственост, јасно разграничувајќи ги и посочувајќи ги разликите во начинот на настанувањето на правата, во видовите на правата и правата на титуларите, освен за наставно-научни цели, трудот е наменет и за едукација на сите инволвирани во заштитата и превенцијата од злоупотреби и санкционирање на злоупотребите на права на интелектуална сопственост – судии, обвинители, адвокати, патентни застапници, пазарни инспектори, припадници на царината, полицијата и други државни службеници.

Бидејќи постои заеднички именител за двата сегмента (интелектуалната творба), но постојат и разлики во начинот на настанувањето на правата, во видовите на правата, правата на титуларите, во овој труд соодветно се димензионирани и јасно разграничени во определени делови на книгата коишто се однесуваат единствено на авторското право, сродните права или правата на индустриска сопственост.

Со цел созадавање потполна и јасна слика за овој дел од правото, учебникот содржи и дел кој е наменет за студентите и дава можност тие да ги проверат своите знаења преку прашања, но исто така и дел кој ќе им овозможи совладување на практични знаења пополнување на пријави за заштита на одделни права на индустриска сопственост и составување на договори за промет на права на интелектуална сопственост.

Дополнителни информации

Автор/и

,

Издавач

Академик

Страници

440

Година

ISBN

9989-759-60-X

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Право на интелектуална сопственост”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.

Може да ви се допаѓа и…