Опис
- Безбедноста и здравјето при работа е една од темите со која се соочуваат сите работодавачи, но и работници, без разлика на обемот на претпријатието. Обврските но и правата се јасно и недвосмислиено регулирани, и потребно е да се почитуваат од страна на сите чинители на работниот процес подеднакво. Но теоријата (регулативата) и праксата (применувањето) често се разијдуваат. Токму од таа причина е изготвен овој Прирачник, прв од ваков вид досега кај нас, кој ја содржи севкупната важечка законска регулатива, сумирана и на едно место.
На 550 страници се детално содржани националната законска регулатива, правилниците и подзаконските акти, анексите и обрасците. Бидејќи голем дел од малите и средни претпријатија немаат знаење и капацитети, прирачикот ги систематизира правните прописи и дава насоки како да се имплементираат законските мерки, кои мерки може самостојно да се имплементираат, а за кои е потребен ангажман од овластени стручни лица. Конечната цел на овој Прирачник е навремено, законско и ефикасно спроведување и имплементирање на законските мерки и обврски од доменот на безбедност и здравје при работа. Расчистувајќи ги недоумиците, дилемите и нејасностите околу одредени делови од регулативата, овој Прирачник ќе придонесе кон подигнување на знаењата на работодавачите, што ќе резултира со намалување на случаите на повреда при работа и професионалните болести.
Неопходен, практичен и применлив за претпријатијата од секаков тип, но и за стручните лица и оние задолжени за безбедност при работа.
Рецензии / Reviews
Сѐ уште нема препораки.