Правни лица

1.365,00 ден (1.300,00 ден без ДДВ )

На залиха

ВАЖНО: Вршиме достава само во Р. С. Македонија. За дополнителни информации, контактираjте не на akademik@akademik.com.mk.

IMPORTANT: Delivered only on the territory of R. N. Macedonia. For any additional information, please contact us at akademik@akademik.com.mk.

Категорија: Ознака:

Опис

Иако правните лица се појавиле многу одамна, нивното потемелно истражување и проучување настанува кон крајот на XIX и почетокот на XX век, кога тие се јавуваат во центарот на вниманието на правната наука и граѓанските кодификации. За разлика од минатото, денес интересот кон изучувањето на правните лица не е во фокусот на вниманието на правната наука и пошироката јавност. Но авторот, со право го поставува прашањето дали тоа значи дека сите правни дилеми и недоумици поврзани со правните лица се одговорени од страна на науката?

Токму со таа цел, монографијата „Правни лица“ на авторот проф. д-р Ангел Ристов, вонреден професор на научната област граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е подготвена за да даде придонес во расчистувањето на некои спорни прашања поврзани со правните лица, преку анализа на досегашните и современите становишта за поимот, значењето, функциите и суштината на правните лица, нивното настанување, правен субјективитет, видовите на правни лица и нивниот престанок.

Публикацијата не е наменета само за студентите по право, постдипломците и правниците кои го применуваат правото во практиката (судии, регистратори, адвокати, нотари, извршители), туку и за пошироката јавност, за граѓаните вклучени во работењето и/или сопственичката и раководната структура на правните лица од економијата, од јавниот сектор, во здруженијата на граѓаните и фондациите, спортските асоцијации и другите видови на правни лица во кои се остваруваат колективните цели и интереси.

Дополнителни информации

Автор/и

Издавач

Стоби Трејд Дооел Скопје

Страници

223

Година

ISBN

978-608-4767-07-7

Рецензии / Reviews

Сѐ уште нема препораки.

Оценете го производот “Правни лица”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Time limit exceeded. Please complete the captcha once again.